Познати се и последните два четвртфиналисти во Купот на Македонија кои обезбедија место меѓу осумте најдобри по пенал-рулетот. Воска Спорт и АП Брера се последните четвртфиналисти, откако претходно победи во осминафиналето обезбедија и Македонија ЃП, Работнички, Шкупи, Силекс, Тиквеш и Брегалница.
На дуелот во Охрид, Воска спорт по пеналите славеше со 4-3 против шампионот Струга ТЛ, откако во регуларниот дел мечот заврши без голови.
Во Струмица, пак, АП Брера по пеналите со 5-4 го победи Гостивар. Рамадани во третата серија не реализираше пенал за гостиварци.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – Осминафинале
Скопје: ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-1
Алији 63′
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ЈАНГ ТИМ 11-0
Глигоров 1′, 9′, 50′, 71′, Ѓорѓиев 15′, М. Димитриевски 21′, Колев 38′, Канформ 45′, 83′, Вебстер 79′, Д. Димитриевски 86′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 3-2
Стојановски 9′, Гандо 48′, Мазари 59′ – Цаке 16′, Елези 43′
Скопје: ШКУПИ – ОХРИД 4-0
Дуду 17′, Трапановски 76′, Куевен 88′, Младеновски 90′
Кратово: СИЛЕКС – БАШКИМИ 3-2
Каланоски 10′, 13′, Анѓелески 48′ – Бурхан 63′(п), Мергим 85′
Струмица: АП БРЕРА – ГОСТИВАР 0-0 (по пенали 5-4)
Охрид: ВОСКА СПОРТ – СТРУГА ТЛ 0-0 (по пенали: 4-3)
Битола: ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 0-1
Мојсов 86′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА