Куп на нации на Африка и се е можно: Го удри противникот па побегна во соблекувална, и потоа хаос… (ВИДЕО)

Натпреварот од второто коло во Купот на нации на Африка меѓу Гана и Габон имаше неславен крај. Мечот заврши без победник, 1-1, со што не беа задоволни од селекцијата на Гана па фрустрациите ги лечеа на друг начин.

По крајот на мечот, Тетех го удри фудбалерот на Габон, Боупендза, па веднаш побегна во соблекувалната.

По таа ситуација настана хаос на теренот со физички дуели и вербални пресметки меѓу играчите од двете репрезентации. На крајот главниот судија го чекаше повеќе од пет минути репрезентативецот на Гана да се врати назад од соблекувалната и да му покаже црвен картон.

Неверојатни сцени од африканскиот куп на нации кој во првата недела на фудбалскиот свет му понуди пред се многу циркус и нешта кои немаат никаква врска со фудбалот.

Се вчитува...