Настапот за Нено Димитријевиќ и Хувентуд во Купот на Шпанија завршува во четвртфиналето како „зелено-белите“ забележа пораз од фаворизираната Басконија со 96-87. Tимот од Виторија иницијативата ја превзема на самиот старт на натпреварот па по десет минути игра на семафорот стоеше предност од 28-17. До крајот на натпреварот Хувентуд постојано „бркаше“ негатива и не успеа да направи комплетен пресврт.
Македонскиот репрезентативец натпреварот го заврши со осум поен, од коои шест во првата четвртина, со само едно промашување од поле (4/5), а додаде и две асистенции за 12 минути поминати во игра. По денешниот дуел Димитијевиќ се очекува да патува за Македонија каде треба да се приклучи на припремите за престојните евроквалификациски дуели.
TD Systems Baskonia: festival ofensivo ¡y a semis!
9️⃣6️⃣ @Baskonia
8️⃣7️⃣ @Penya1930 #CopaACB#DíseloConBasket pic.twitter.com/m1ouessMyt— #CopaACB (@ACBCOM) February 12, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА