Севилја обезбеди два гола позитива (2-0) против во првиот четвртфинален натпревар од Купот на Шпанија. На „Рамон Санчез Пижуан“, составот на Ернесто Валверде делуваше непрепознатливо без Лионел Меси, а дебитираше и новото засилување Кевин Принс Боатенг.
Домашниот тим одигра еуфорично и на крилја на навивачите стигна до заслужен триумф. Пабло Сарабија во 58.минута ја доведе Севилја во водство, а вториот погодок беше дело на Висам Бен Једер во 76.минута.
Реваншот ќе се одигра за седум дена на „Камп Ноу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА