Куп натпреварите на Јунајтед во Англија се сомнителни: Шансите за неверојатната низа на „ѓаволите“ е 1:4094

Манчестер Јунајтед ќе го пречека Њукасл Јунајтед во осминафиналето од Лига купот во Англија, одлучи денешната жрепка, притоа започнувајќи теорија на заговор за местење во полза на „црвените ѓаволи“.

Имено, тоа е дванаесетти пат по ред Манчестер Јунајтед да биде домаќин во Куп натпреварите во англискиот фудбал продолжувајќи ја низата која трае веќе две и пол години.

Последен пат кога Манчестер Јунајтед одигра Куп натпревар на гостински терен беше на 21. март 2021 година кога претрпе пораз од 3-1 на гостувањето кај Лестер.

Медиумите во Англија ја пресметаа и шансата за оваа појава и истата е 1:4094 што предизвика лавина на коментари на социјалните мрежи каде навивачите на останатите тимови го изразуваат незадоволството.

Се вчитува...