Куп шампионот во женска конкуренција ќе биде одлучен во Македонска Каменица

Кошаркарски клуб Баскет Кам ќе биде организатор на финалниот турнир „Благоја Георгиевски – Буштур“ во женска конкуренција откако раководството на актулениот шампион се пријави на конкурсот на КФМ и ги исполни условите за организација.

На 21. и 22. февруари четирите најдобри екипи во женска конкуренција – Крива Паланка, Бадел 1862, МЗТ Бела вода и Баскет Кам силите ќе си ги одмерат во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица.

Во полуфиналето силите ќе си ги одмерат Баскет Кам и МЗТ Бела вода, односно Крива Паланка и Бадел 1862.

Се вчитува...