Куп: Шкендија го пречекува Работнички, ама ќе се „штеди“ и за Вардар

Актуелниот првак Шкендија го пречекува Работнички во првиот четвртфинален меч од Купот на Македонија во Тетово. Тренерот Ернест Ѓока ќе се обиде да „заштеди“ дел од силите и за важниот првенствен натпревар против Вардар, но секако посакува триумф без примен гол. Нема да настапи најдобриот стрелец Бесарт Ибраими, а можно е и уште некој првотимец да биде на клупата за резерви.

„Романтичарите“ во Купот гледаат шанса за да ја извлечат сезоната, со оглед дека во шампионатот им оди навистина лошо.

Шкупи ќе биде домаќин на Академија Пандев на Чаир. И составот на Ќатип Османи посакува победа без да се тресе нивната мрежа.

„Со нетрпение го очекуваме дуелот од Купот на Македонија против Академија Пандев. Сериозно му пристапивме на националниот куп и сакаме да стигнеме што подалеку во ова натпреварување. Првиот меч го играме на домашен терен, пред нашите верни навивачи, што сигурно ќе ни биде дополнителен мотив. Мислам дека како тим сме максимално подготвени за овој дуел, целта е да стигнеме до победа, но и да не примиме гол, со што би си ги зголемиле шансите за пласман во полуфиналето“, изјави фудбалерот на Шкупи, Сабит Билали.

Струга Трим Лум фати одличен залет во шампионатот, а сега сака да продолжи во ист стил и во Купот. Ренова не е во идеална форма, но ќе се обиде да извлече позитивен резултат на струшкото крајбрежје.

Брегалница под рефлектори ќе го пречека тимот на Лабуништа. Второлигашката пресметка привлекува големо внимание, а еден од двата тима да влезе во најтесната завршница од куп-натпреварувањето. Штипјани најавуваат победа на првиот меч со помош на публиката.

КУП, ЧЕТВРТФИНАЛЕ (прв меч) 13 ч.

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ

ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

СТРУГА ТРИМ ЛУМ –  РЕНОВА

БРЕГАЛНИЦА – ЛАБУНИШТА (16.30 ч.)

Се вчитува...