Куп: Шкендија тргнува во одбрана на пехарот од Гевгелија

Освојувачот на Купот на Македонија, тимот на Шкендија, кој лани се закити со двојна круна, ќе ја почне одбраната на пехарот со гостување против Кожуф во Гевгелија. Работнички ќе игра против Фортуна, а Вардар ќе оди на гости кај Вардари Форино.

Ланскиот финалист Пелистер на стартот од новата сезона во куп-натпреварувањето ќе се сретне со Осогово во Кочани, додека Македонија ЃП ќе ги одмери силите со Превалец. Победа ќе биде гостин во Струга, а интересен ќе биде дуелот меѓу Кит-Го и Шкупи. Натпреварите се играат на 22-ри август.

Двојки, Куп на Македонија (1. коло)

Струга – Победа

Кораби – Борец

Влазрими 77 – Беласица

Вардар (Н) – Скопје

Фортуна – Работнички

Лабуништа – Академија Пандев

Кит-Го – Шкупи

Поешево – Брегалница

Кожуф – Шкендија

Вардари Форино – Вардар

Осогово – Пелистер

Тетекс – Гостивар

Братство-Влазними – Силекс

Тиквеш – Ренова

Превалец – Македонија ЃП

 

Се вчитува...