Ракометарките на ЖРК Куманово се закитија со уште еден куп-трофеј откако денеска во драматично финале славеа над составот на ЖРК Вардар со минимални 32-31. Граматова беше хероината на кумановки на овој меч, постигнувајќи го победничкиот погодок во последната минута, за трет пехар во куп-натпреварувањата зза овој клуб, по оние од 2019 и од 2020 година.
Вардар беше тимот што прикажа подобра игра на стартот од финалето, поведувајќи во неколку наврати со „плус два“. Сепак, по водство на „црвено-црните“ од 6-8 следеше серија на кумановки, кои набрзина поведоа со 11-9, а потоа и заминаа на одмор со три гола предност (15-12). Куманово почна фуриозно и на стартот од второто полувреме, поведе со 17-12, но потоа при 19-14 следеа неверојатни шест гола во низа на Вардар за нов резултатски пресврт (19-20).
Возбудувањата продолжија до самиот крај, Куманово поведе со 29-26, Вардар успеа да израмни на 31-31, но Граматова биеше прецизно во клучните моменти и донесе огромна победа на кумановки.
Алмеида со 11 гола беше најефикасна кај победничкиот тим, по пет постигнаа Граматова и Ивановска, додека Стефановска со десет погодоци беше најдобар поединец во таборот на ЖРК Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА