Купер Флег се труди најмногу што може да ги натера навивачите на Далас да го заборават Лука Дончиќ.
Навивачите на Далас се уште се тажни и лути поради катастрофалната размена на Ник Харисон и заминувањето на Дончиќ во Лејкерси.
Сепак, целиот овој комплекс на околности им го донесе првиот избор на драфтот, односно Купер Флег, кој се истакна во последните два натпревари.
Откако имаше 49 поени и 10 скока против Шарлот, синоќа постигна 34 поени, 12 скока и пет асистенции против Хјустон Рокетс.
Cooper Flagg is different with all due respect. pic.twitter.com/B7RaRUvgdg
— Mark Jackson’s Burner (@casualtakeking) February 1, 2026
И покрај тоа, Рокетс ги победија Маверикс на домашен терен со 111-107.
Иако губеа цел натпревар, па дури и со двоцифрена разлика во последната четвртина, Далас успеа да израмни на 47 секунди пред краајот. Хјустон отиде на +2, Флег промаши, а потоа и промаши тројка до -4 и тоа беше крајот.
Најдобар во победничкиот тим беше Ајмен Томпсон со 21 поен, осум скока и девет асистенции. Џабари Смит постигна 19, Тари Исон 17, а Алперен Шенгун 14 поени, заедно со 14 скока и седум асистенции.
На другата страна, покрај Флег, се истакна Даниел Гафорд со 16 поени и 11 скока, додека Брендон Вилијамс постигна 13 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

