Кошаркарскиот Куп на Македонија за 2022 година кој го носи името на легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски-Буштур, повтроно ќе биде одржан на „Кале“ во огранизација на КФМ во периодот од 18. до 20. февруари.
За трофејот во машка конкуренција ќе се борат осум екипи кои беа најдобри по одиграните 11. кола од првиот дел од Првата лига, додека за пехарот во женска конкуренција, ќе се натпреваруваат четирите најдобри екипи по одигрувањето на 14. коло од првиот дел од сезоната во Првата лига-жени.
Согласно со тоа во машката конкуренција паровите ќе бидат следни:
⋅ (1) Пелистер – (8) ТФТ,
⋅ (2) МЗТ Скопје Аеродром – (7) Гостивар,
⋅ (3) Работнички – (6) Феникс 2010,
⋅ (4) Навико Академија ФМП – (5) Еуро Никел 2005
Деби во овогодишното издание ќе има Феникс 2010, додека бранител на титулата во машка конкуренција е екипата на МЗТ Скопје Аеродром и Баскет Кам 2011 во женска конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА