Овогодишното издание на Купот на Македонија донесе историска титула за Баскет КАМ во женската конкуреција, додека МЗТ Скопје по десетти пат во својата историја го крена престижниот трофеј.
Двата возбудливи викенди донесоа интересни натпревари, во женската конкуреција фаворитите ја оправдаа улогата, но веќе во првиот натпревар од вториот викенд, Академија ФМП направи сезнација, добивајќи го фаворизираниот Пелистер во четвртфиналето.
Сепак она што останува во сенка е нивото на судење кое на моменти беше навистина под критериумите, а јасно е дека истото носеше и жестоки реакции на теренот. „Актерите“ добиваа технички грешки, а на крајот истите ќе се одразат и од буџетот на самите клубови.
Имено, билтенот на КФСМ за Куп натпреварите ќе ги олесни клубовите за 87 илјади денари, а истите ќе бидат внесени во касата на „куќата на кошарката“. Најмногу настрада Пелистер кој за четвртфиналниот дуел ќе мора да исплати 54 илјади и 400 денари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА