Академија Пандев и Силекс го играат едно од најздодевните финалиња во историјата на Купот на Македонија, кое ќе биде одлучено по продолженија а сосема извесно, ако се суди според начинот на игра на двете екипи, и по ударите од белата точка.
За 90 минути игра на националната арена „Тодор Проески“ фудбалерите и на Александар Васоски и на Горан Симов не реализираа буквално ниту една посериозна шанса за погодок. Финале за заборав, единствено кое ќе го памети победникот.
Ако може да се издвојат две можности пред двата гола тогаш тоа е шутот покрај голот на Марјан Радески во 91. минута, и нафрлената топка на Тантуровски во 85. минута пред голот на „пандевци“ за која за малку беше прекраток Филип Дурански. И толку. Ништо повеќе!!!
Академија Пандев ја брка втората титула во Купот на Македонија, по онаа од 2019 година, додека во своето четврто финале Силекс ја бара третата титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА