Ракометниот клуб Охрид по неколку години пауза повторно ќе биде домаќин на завршниот турнир од Купот на Македонија, беше одлучено денеска од Ракометната Федерација на Македонија.
Овој фајналфор турнир требаше да се одржи викендов, но истиот е одложен поради учеството на Алкалоид во финалето од ЕХФ Европскиот куп. Бранителот на трофејот има меѓународни обврски овој и наредниот викенд, поради што е донесена одлука завршниот турнир од Купот на Македонија да биде презакажан за 31 мај и 1 јуни.
На овој турнир ќе учествуваат Алкалоид, Е. Пелистер, Вардар и домаќинот Охрид, а ждрепката за двојките за полуфиналето ќе се одржи на 21 мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

