Курбанов: Шкендија заслужено е таму кај што е, очекувам тежок меч и во Баку

Екипата на Шкендија ќе мора да брка победа на реваншот против Карабах ако сака да се пласира во плеј-офот во Лигата на шампионите, откако вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ пред околу 18.000 гледачи, беше поразена од азербејџанскиот шампион Карабах со 0-1.

Тренерот на Азербејџанците, Курбан Курбанов по мечот изјави дека Шкендија заслужено е во оваа фаза од квалификациите.

„Сакам да им честитам на моите играчи кои се бореа до крајот. Во вакви мечеви борбеноста е најважна. Направивме многу грешки, но на крајот е важна победата. Од мене за Шкендија само пофалби заслужено стигнаа до оваа фаза во Лигата на шампионите, а и денеска покажаа дека се многу добар тим. Во Баку мора да бидеме претпазливи бидејќи Шкендија може да биде опасна и во реваншот“, изјави Курбанов. 

Се вчитува...