Курт Зума следната сезона ќе го носи дресот на Стоук како позајмен играч од редовите на Англискиот првак. 22-годишниот одбранбен фудбалер не сака да помине уште една сезона како втора опција покрај Давид Луиз и Гери Кејхил, а и ангажманот на Рудигер беше јасна порака дека Зума ќе ја грее клупата ако остане на „Стемфорд бриџ“.
Французинот сепак не сака да го напушти Челси без борба, па затоа ја прифати позајмицата, и повторно да се бори за место меѓу стартерите во иднина. Зума добиваше солидна минутажа од Мурињо, пред Португалецот да замине од кормилото на Челси, но повредата на коленото на мечот против Јунајтед во сезоната 2015/16 го тргна од терените на подолг период, со што ја загуби и формата.
Сепак, несомнено Стоук добива квалитетен дефанзивец со доволно искуство за да биде прва фигура во последната линија од тактиката на Марк Хјуз. Францускиот фудбалер доаѓа како замена за Бруно Mартинс Инди, кој лани играше како позајмен играч од Порто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА