Македонската кошаркарска репрезентација утрово отпатува за Клајпеда каде во недела ја очекува реванш дуелот против Литванија во квалификациите за ЕП.
Македонија убедливо загуби на првиот натпревар синоќа во Скопје, на меч на кој настапи без најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ, кој се очекува да се приклучи на тимот за реванш-дуелот во Литванија.
Но, селекторот на Литванците, легендарниот Римас Куртинаитис верува дека неговата селекција нема да има никаков проблем и за втора победа, без разлика на тоа што Македонија би била засилена со Димитријевиќ.
„Се подготвувавме и претходно, и за игра против тим и со Димитријевиќ и без него. Јасно е дека е одличен играч на врвно ниво, вистински креатор на играта кој секако дека многу ќе ги засили Македонците. Но, нема да менуваме ништо, мислам дека сме способни да ги победиме Македонците и со него во тимот“ – истакна по синоќешниот натпревар во Скопје, легендарниот Куртинаитис кој во својата играчка кариера има златен медал од ЛОИ 1988 со СССР.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА