Куртинаитис: Не дај Боже да ја потцениме Македонија

Литванија со нов селектор ќе влезе во квалификацискиот двомеч против Македонија, откако искусниот Римас Куртинаитис минатиот месец ја прифати одговорната задача повторно да застане на чело на националниот тим.

За Литванците математиката е јасна, со две победи над Македонија би си осигурале пласман на Евробаскет 2025 уште пред февруарскиот квалификациски прозорец, но Куртинаитис јасно порачува дека неговите избраници не смеат да си дозволат да го потценат противникот.

„Никогаш не е лесно кога ќе дојдете, а имате само два дена да го подготвите тимот. Имам 12 кошаркари кои доаѓаат од различни клубови и за неколку тренинзи треба да поставиме некоја специјална игра, тоа е невозможно. Затоа им кажав на момците, се ќе зависи од нив, од желбата, од квалитетот, од карактерот. Секако дека како стручен штаб ќе поставиме некои темели на играта, но се ќе се сведе на она што кошаркарите ќе го покажат на терен, базирано пред се на нивната инспирација. Она што е недозволиво е да помислиме декалесно ќе победиме. Не дај Боже да го потцениме противникот, во вакви квалификации таа грешка скапо се плаќа. Задоволен сум од она што го видов на тренинзите, момците работат добро, се наоѓаат во топ-форма, но не би сакал да кажам дека сме фаворити. Пред почетокот на секој дуел шансите се 50-50, така е и овојпат“, изјави Ринас Куртинаитис.

Првиот дуел од двомечот меѓу Македонија и Литванија ќе се игра утре со почеток во 18 часот во СРЦ „Кале“, а вториот натпревар е закажан за недела во Клаипеда.

Се вчитува...