Агентот на голманот на Челси, Тибо Куртоа, ја одбил првата понуда за продолжување на договорот на неговиот клиент со „сините“. Белгискиот репрезентативец заработува 100.000 фунти неделно, а со оглед на тоа дека оваа сезона беше прогласен за најдобар во Премиер лигата со 16 натпревари без примен гол, неговиот агент смета дека треба да заработува исто колку неговиот колега од Јунајтед, Давид Де Хеа.
Раководството на Челси понудиле 50.000 фунти повеќе од моменталната плата, но агентот инсистира на 200.000 фунти, во спротивност, 25-годишниот чувар на мрежата ќе бара нов клуб. Клубот ќе има уште една шанса за преговори на почетокот од месец јули, па ако повторно не ги исполнат барањата, агентот на голманот ќе разгледува опции во другите лиги.
Договорот на Куртоа истекува во 2019 година, а клубот има желба да го осигура минимум до 2022 година, но главната причина за продолжувањето на соработката е да го тргнат од рацете на Реал Мадрид, кој пак упорно се обидува да донесе еден од двајцата голмани на Челси и Јунајтед. Де Хеа е секако примарна цел, но Мурињо не сака да го продаде бидејќи на пазарот нема адекватна замена за Шпанецот.
Самиот Куртоа ја отфрли можноста за преселба на „Сантијаго Бернабеу“, поради тригодишниот престој во Атлетико како позајмен играч, смета дека не би било фер да ги изневери навивачите на „Јорганџиите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА