Куртоа ја откри причината за елиминацијата на Реал Мадрид од ЛШ

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа беше критичен по елиминацијата од Лигата на шампионите од англискиот премиерлигаш Арсенал.

Со вкупен резултат 5-1, „кралскиот клуб“ остана без шанси да го одбрани трофејот освоен минатата сезона, а во реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ загуби со 1-2.

Куртоа во 13. минута имаше одбранет пенал, кој лошо го изведе Букајо Сака, но тоа не беше катализатор за пресвртот на избраниците на Карло Анчелоти.

„На крајот на денот, тие се тим кој добро се брани, организирани се, вршат добар притисок и тешко се наоѓа простор. Уфрливме многу топки, но оваа година го немаме Хоселу, класичен напаѓач во шеснаесетникот. Мора внимателно да анализираме што можеме да подобриме”, изјави Куртоа.

Се вчитува...