Белгискиот репрезентативен голман на Реал Мадрид , Тибо Куртоа, по поразот од Манчестер Сити (1:2) изјави дека тимот е обединет зад нивниот тренер Чаби Алонсо, чија позиција е сериозно загрозена.
Сепак, Куртоа рече дека и натаму Алонсо ја има поддршката од играчите, и дека ќе ја бранат неговата позиција и покрај тоа што е разнишана по серијата на слаби резултати.
„Мислам дека докажавме дека сме обединет тим, дека го поддржуваме тренерот и дека сите се боревме да ја промениме динамиката“, рече голманот по вториот последователен пораз за три дена на „Сантијаго Бернабеу“.
„Ја разбирам лутината по серијата вакви натпревари, но мислам дека реагиравме на теренот, направивме сè што можевме и загубивме од многу добар противник. Сите тука ќе го бранат тренерот до смрт. А ,со победа против Алавес во недела, можеме да ја промениме динамиката“, верува тој.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

