Куртоа: Му пишав порака на Кински, да не падне во депресија….

Голманската солидарност е видлива на дело откако Тибо Куртоа стана последниот во низата врвни чувари на мрежата што јавно му искажа поддршка на Антонин Кински по она што му се случи на младиот голман на Тотенхем на гостувањето со Атлетико Мадрид.

Чехот прими три гола за петнаесетина минути и беше повлечен од игра од страна на тренерот Игор Тудор, потег за кој стратегот на „спарси“ беше осуден од јавноста.

Куртоа веднаш по големата победа што Реал ја забележа над Манчестер Сити откри дека стапил во контакт со голманот на „спарси“.

„Да биде голман е ранлива работа, секоја грешка скапо се плаќа бидејќи резултира со гол на противникот. Жал ми е за тоа што му се случи на Кински, му пишав порака да му изразам поддршка. Знам колку му е тешко, важно е да не падне во депресија, да го надмине ова, затоа решив да стапам во контакт со него. Му кажав дека и јас грешев во Атлетико Мадрид, правев грешки и во Челси, Меси два пати ми ја туркаше топката меѓу нозе.. најважно е да не се откажеш, никако не смееш да ја загубиш самодовербата, тоа  е единствениот пат до успехот. Би сакал да ја искористам можноста да упатам порака до Тотенхем, луѓето во клубот и неговите соиграчи, да бидат крај Кински и да му дадат поддршка во овој период“,  истакна Куртоа.

Се вчитува...