Куртоа нема да брани за репрезентација додека не се смени селекторот

Фудбалскиот голман на Реал Мадрид и на белгиската репрезентација, Тибо Куртоа реши да не брани за националниот тим на својата земја, а како причина го наведе досегашниот селектор Доменико Тедеско, но и целата управа во Белгија. 

Имено, Тибо Куртоа објави порака преку својот Инстаграм профил.

– Сакам да испратам порака до сите навивачи на Белгија и оние кои навиваат за нашата репрезентација. Чувствувам неверојатна љубов и чест кога ја претставувам мојата земја на теренот, бидејќи и самиот сум навивач на „црвените ѓаволи“. Се чувствувам привилегирано што можам да го носам дресот на Белгија, дрес кој не можев да го замислам ниту во моите најлуди соништа. За жал, по она што се случи со селекторот и моето размислување, решив повеќе да не играм за Белгија додека тој е селектор. Го прифаќам мојот дел од одговорноста во ова. Сепак, гледајќи напред, мојата недоверба кон него не би била добра за атмосферата во соблекувалната. Имав разговор и со федерацијата која го привати мојот став и причините што доведоа до оваа болна отлука. Жалам што некои навивачи ќе бидат разочарани, но знам дека ова е најдобриот начин за Белгија да се фокусира кон остварување на своите цели“, напиша Куртоа.

Се вчитува...