Белгија беше исфрлена од Светското првенство уште во групната фаза. Откако одигра без голови против Хрватска, Белгија мораше да замине дома завршувајќи како третопласирана во групата.
Иако многумина оваа генерација на Белгија ја нарекуваа „златна“, голманот Тибо Куртоа не се сложува со тоа затоа што селекцијата не успеала да освои ништо, освен третото место на минатиот Мундијал.
„На ова светско првенство и на претходното Европско првенство не бевме добри. Малку ми е срем. Ајде да видиме што ќе с случи, некои играчи ќе заминат, некои ќе продолжат да играат. Тешко е да се наречеме златна генерација, затоа што ништо не освоивме. Ние не сме златна генерација. Ние сме генерација со одличен талент и одлични играчи од цела Европа. Во Русија покажавме дека знаеме да играме добар фудбал“, рече Куртоа кој откри дека сега ќе навива за Шпанија, и дека има намера да игра на СП 2026 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА