Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа беше прилично лут по ремито без голови на гостувањето кај Осасуна во Памплона, апелирајќи до лигата да ја земе предвид моменталната состојба во земјата.
Реал неславно го заврши натпреварот кој имаше „трауматска увертира“ на аеродромот во Мадрид, а белгискиот голман изрази незадоволство пред камера зошто воопшто се играл мечот.
“Лигата мора да разбере дека ние сме луѓе, а не кукли кои секогаш мора да играат. Треба да се грижите за безбедноста, сите имаме семејство и не знаеме кога ќе можеме да се вратиме”, рече Куртоа.
Да потсетиме, фудбалерите на Реал, денот пред натпреварот го поминаа дури три и пол часа на аеродромот во Мадрид, заробени во авионот поради временските непогоди што го оневозможија полетувањето од пистата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

