Тибо Куртоа одбил да разговара за опцијата да биде дел од размена во која тој би преминал во Манчестер Јунајтед, а Давид Де Хеа би направил трансфер во Реал Мадрид. Европските гиганти како дел од преговрите ја споменале и оваа опција, но Куртоа првенствено сака да остане во Мадрид каде што додје минатото лето, а ако тоа не е можно би преферирал да оди во Пари Сен Жермен.
Уште на првиот натпревар откако се врати во Реал Мадрид, Зинедин Зидан му ја одзде позицијата на Куртоа, но наводно му објаснил дека тоа не е долгорочна стратегија туку е само шанса и за Кејлор Навас. И навивачите на Реал Мадрид се во кампања против Куртоа и неговите слаби изданија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА