Белгискиот голман Тибо Куртоа, вели дека сака да го продолжи договорот со фудбалскиот клуб од Мадрид, по никоја цена не сакајќи да го напушти Реал.
33-годишниот Куртоа има договор со Реал до 30 јуни 2026 година. Белгискиот голман призна дека преговара со раководството на мадридскиот клуб во врска со продолжување на соработката.
„Би сакал да го продолжам договорот. Многу сум среќен во Реал. Сон е да играм за овој клуб. На располагање сум на клубот, тие знаат дека сакам да останам тука… Се надевам дека ќе ја завршам кариерата во Реал. Сега е време да се докажам на теренот, а останатото ќе биде лесно“ – изјави голманот на Реал за „Диарио“.
Куртоа пристигна во Реал во 2018 година од Челси, а за мадридскиот клуб бранеше на 283 натпревари. Моментално игра за Реал на Светското клупско првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

