Куртоа потпиша нов договор со Реал Мадрид

Раководството на Реал Мадрид работи на засилување на играчкиот кадар, но паралелно со тие напори „кралевите“ завршија одлична работа успевајќи да ја продолжат соработката со Тибо Куртоа.

Белгискиот голман влезе во последната година од договорот со Реал, но сите во Мадрид се презадоволни од неговите изданија, што беше причина експресно да биде најден заеднички јазик за нов договор. Финансиските детали не се обелоденуваат, но новиот договор ќе биде со важност до јули 2027 година и нема никакви клаузули околу број на одиграни натпревари со кои соработката би можела да биде дополнително продолжена.

Куртоа е член на Реал Мадрид уште од 2018 година кога пристигна од Челси и Белгиецот е меѓу најзаслужните за бројните трофеи што „кралскиот клуб“ ги освои во изминатиот период.

Реал Мадрид планира да го задржи Лунин како резервен голман, Украинецот има договор до 2030 година потпишан лани, а „кралевите“ немаат намера да го продадат иако изминатата седмица добија понуда од Вилјареал за негов трансфер.

Се вчитува...