Реал Мадрид долго време играше „топло-ладно“ за во последните триесетина дена избраниците на Солари да заиграат ако што му доликува на актуелниот европски првак, па „кралевите“ денеска полни со самодоверба отпатуваа за Амстердам, за утрешната пресметка со екипата на Ајакс
„Забележав дека сега сите гледаат на нас многу посериозно отколку што тоа беше случај во октомври. Ремизиравме со Барса, го победивме Атлетико, покажавме зошто Реал Мадрид мора не само да го почитуваат, туку и да се плашат од него. Мислам дека повторно сите се плашат од Реал, не само Ајакс, туку и сите станати екипи, кои би сакале да избегнат дуел со нас. Ние сме Реал и дефинитивно ќе одиме да ги освоиме сите пехари сезонава“ – изјави голманот Тибо Куртоа.
Белгискиот чувар на мрежата воедно е и еден од ретките кои јавно го поддржуваат воведувањето на ВАР технологијата во Лигата на шампионите.
„Јас го сакам ВАР, на светското првенство имав добро искуство, во Шпанија исто така. Навистина, правилата некогаш не се најдецидни, системот не може да интервенира. Некогаш ВАР е против тебе, некогаш ти помага, но оваа технологија го право фудбалот почесен“ – истакнува Куртоа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА