Куртоа призна дека бил пред потпис со Манчестер Јунајтед: Тие го одбраа Де Геа, и потоа…

Белгискиот голман и член на Реал Мадрид, Тибо Куртоа рече дека бил навивач на Манчестер Јунајтед, и дека сонувал да го облече дресот на овој тим.

Тој во поткаст на Рио Фердинанд призна дека бил пред трансфер на „Олд Трафорд“, но тогашниот тренер Алекс Фергусон го одбрал Давид де Геа како замена за Едвин ван дер Сар, па Белгиецот преку Челси, замина во Атлетико Мадрид.

„Секогаш сум бил фан на Едвин ван дер Сар и Икер Касиљас. Касиљас поради младоста со која се појави на голот на Реал Мадрид. Имав 12 или 11 години. Го следев настапот на Манчестер Јунајтед“, рече Куртоа и потоа на прашањето на Фердинанд зошто не дошол во Јунајтед, одговори:

„Бев блиску до Манчестер, но тогаш го одбраа Давид де Геа. И тоа беше причина да изберам поинаков пат. Челси беше најдобрата опција за мене. Откако Де Геа се пресели во Манчестер, тоа ми ја отвори вратата во Атлетико, и таму станав голман каков што сум денеска“, рече Куртоа.

Се вчитува...