Куртоа се налути: Реал поради мене ја освои ЛШ, а во изборот на Златна топка сум седми

На голманот на Реал Мадрид Тибо Куртоа, не му беше сеедно што се најде на, според него, ниското седмо место во изборот за Златната топка, која му припадна на неговиот соиграч Карим Бензема на вчерашното доделување во Париз.

Белгискиот чувар на мрежата ја освои наградата за најдобар голман, но не пропушти да приговори на изборот, кажувајќи дека голман нема шанси да ја освои оваа награда.

„Ако сте голман, невозможно е да ја освоите Златната топка. Реал Мадрид го освои првенството и Лигата на шампионите поради моите одбрани. И потоа завршувам седми во изборот за оваа награда. Но, барем постои награда за најдобар голман и горд сум на ова признание“, рече Куртоа. 

Белгискиот голман имаше одлична сезона лани. Во финалето во ЛШ против Ливерпул во Париз го одигра мечот на кариерата, кој му го донесе трофејот.

Се вчитува...