Куртоа со поддршка за Мбапе: И мене ми беше тешко на почетокот на кариерата во Реал Мадрид

Стартот на кариерата на Килијан Мбапе во дресот на Реал Мадрид не ги исполни очекувањата на фудбалските фанови. Французинот кој доминираше во дресот на ПСЖ воопшто не наликува на себе во Мадрид па поради тоа трпи големи критики во јавноста.

За неговата ситуација сега говореше Тибо Куртоа, белгискиот чувар на мрежата кој се осврна на лично искуство.

„Дали Мбапе поминува низ тежок период? Не е прашање на недостаток на професионализам или желба. Ова е слично на тоа што ми се случи и мене кога се приклучив на тимот. Постојат моменти кога едноставно не оди.

Не значи дека помалку се трудиш или вложуваш напор. Треба да останеш смирен и да продолжиш. Неопходен е еден пресвртнички натпревар, кој ќе биде момент на пробив, и уверен сум дека тоа ќе се случи. Се надевам дека голот против Хетафе ќе му даде самодоверба да постигне три гола на следниот меч против Атлетик“, изјави Куртоа.

Се вчитува...