Ракометарките на Ларвик, Аманда Куртовиќ и Марит Фрафјорд се двете нови засилувања во редовите на актуелниот европски шампион, ЧСМ Букурешт. Двете репрезентативки на Норвешка, со романскиот тим потпишаа двегодишни договори. Во силниот тим на ЧСМ Букурешт од следната сеозна ќе настапува и најдобрата ракометарка во светот , според изборот на ИГХФ, Кристина Неагу, а соработката со романскиот тим ја продолжи и Изабел Гулден.
„Чест ми е што ќе имам можност да играм во еден од најдобрите клубови во Европа. Со нетрпение ги очекувам настапите и борбата за титули со ЧСМ Букурешт. Среќна сум што отворам ново поглавје во мојата кариера“ – изјави десниот бек Аманда Куртовиќ по официјализирањето на договорот со ЧСМ Букурешт.
За 31-годишната Марит Фрафјорд, која игра на пикерската позиција и е дел од шампионскиот тим на Норвешка, настапот за ЧСМ Букурешт е нов предизвик.
„ЧСМ Букурешт е фантастичен тим кој игра на највисоко ниво. Сакав нешто ново што ќе ме мотивира и едвај чекам да му се приклучам на мојот нов тим од следната сезона“ – вели Фрафјорд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА