Едвај десетина дена за летен одмор ќе имаат фудбалерите на Работнички, и повторно ќе мораат да се појават на првата прозивка на тренерот Виктор Треневски, за почеток на летните подготовки за новата сезона. „Романтичарите“ изборија пласман во квалификациите за Лигата на Европа, и токму затоа мора многу рано да се зафатат со работа.
„Ја закажав првата прозивка на 8 јуни. Тогаш почнуваме повторно со работа, стартуваме со летните подготовки за настапот во Лигата на Европа, и секако, за новата сезона во македонскиот шампионат. Паузата за фудбалерите ќе биде многу куса, ќе нема многу време за одмор, но таков е европскиот фудбал, посебно во ситуација кога македонските клубови се натпреваруваат уште од стартот на квалификациите. Не очекуваат нови предизвици, и затоа им порачав на фудбалерите најдобро што можат да го искористат ова кусо време за добро да се одморат. Во меѓувреме, раководството и стручниот штаб ќе бидат активни и на другите полиња“, информираше тренерот Виктор Треневски на официјалниот сајт на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА