ХРватскиот третолигаш Кустошија продолжува да псотавува стандарди како треба да функционираат клубовите во регионот. Кустошија минатото лето го продаде Микаил Фаје во Барселона, а веќе во јануари 2024 направи уште еден извонреден трансфер, испраќајќи го 17-годишниот Дино Клапија во Лајпциг.
Клапија е 17-годишно момче родено во САД, а летово дојде во Хрватска од академијата на Њујорк Сити. Јасно беше дека станува збор за голем талент, Динамо Загреб испрати богата понуда за да го доведе на „Максимир“, но младиот Клапија изненади избирајќи ја Кустошија како идеално место за продолжување на кариерата.
Шест месеци подоцна, јасно е дека тинејџерот бил во право откако третолигашот постигна договор со Лајпциг и Клапија кариерата ќе ја продолжи во Бундес-лигата, во клуб познат по тоа дека дава шанса на младите фудбалери.
Кустошија ќе заработи 5,2 милиони евра од овој трансфер, плус 10% од следниот трансфер на суперталентираниот Клапија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА