Со трансферот од Ливерпул, Филипе Кутињо стана најскапиот фудбалер во историјата на Барселона. Каталонскиот тим го донесе за 160 милиони евра.
Интересно од трите најскапи засилувања на Барселона во историјата, две доаѓаат од Ливерпул. Погледнете ја листата на најголемите трансфери во историјата на каталонскиот клуб.
- Фелипе Кутињо (од Ливерпул за 160 милиони евра)
- Осман Дембеле (од Борусија Д. за 105 милиони евра)
- Луис Суарез (од Ливерпул за 81 милиони евра)
- Златан Ибрахимовиќ (од Интер за 66 милиони евра)
- Нејмар (од Сантош за 57,1 милиони евра)
- Дани Алвеш (од Севилја за 40 милиони евра)
- Давид Вилја (од Валенсија за 40 милиони евра)
- Сеск Фабрегас (од Арсенал за 40 милиони евра)
- Паулињо (од Гуангжу за 40 милиони евра)
- Марк Овермарс (од Арсенал за 39,6 милиони евра)
- Арда Туран (од Атлетико М. за 34 милиони евра)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА