Кутињо го „чекаа“ 115 милиони евра во Барселона

Фелипе Кутињо има повеќе причини зошто да жали за неостварениот трансфер во Барселона. Една од причините е и мулти-милионскот договор кој Барселона го подготви само за Бразилецот да го облече дресот на „каталонците“. Германскиот медиум „Шпигел“ тврди дека Кутињо ќе заработеше 115 милиони евра за пет години, доколку се реализираше еден од најголемите трансфер ова лето.

Тоа значи дека Кутињо ќе заработуваше исто колку и Луис Суарез, Андрес Иниеста, Џерар Пике и Серхио Бускетс, фудбалерите кои се главни фигури покрај Лео Меси во Барса. Шпанскиот гигант исто така му гарантираше 10 милиони евра на агентот на Кутињо, доколку успее да го наговори раководстовото на Ливерпул да прифати сума не поголема од 100 милиони евра.

Сепак, последната понуда за бразилскиот ас изнесуваше 130 милиони евра, поточно 90 милиони евра ќе беа исплатени веднаш, додека останатите 40 милиони евра ќе беа во бонуси. Одборот на клубот од Мерсисајд без размислување ја одби и оваа понуда, а подоцна следуваше и порака од спортскиот директор на Премиерлигашот, Мајкл Едвардс, која гласи дека Кутињо нема да биде продаден за ниту една сума.

25-годишниот плејмејкер засега останува на „Енфилд роуд“, со надеж дека „каталонците“ одново ќе се обидат да го ангажираат во некој од следните трансфер периоди.

  

Се вчитува...