Бразилскиот интернационалец Фелипе Кутињо ќе го има своето деби во дресот на Барселома утре, на реванш натпреварот од Купот на Шпанија против Барселона. Тој пристигна на „Камп Ноу“ оваа зима од Ливерпул за сума од 160 милиони евра, но беше утврдено дека е повреден и мораше веднаш да паузира.
Сега Кутињо е подготвен за настап и се очекува тренерот Ернесто Валверде да му укаже шанса на утрешниот дуел. Барселона има негатива од еден гол (0-1) против Еспањол по првиот четвртфинален меч од Купот на Шпанија. Лионел Меси не успеа да реализира пенал, а Оскар Мелондо во финишот му донесе предност на Еспањол по првите 90 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА