Филипе Кутињо ќе го носи дресот со број „14“ во Барселона, бројот на легендарниот фудбалер на „каталонците“, Јохан Кројф. Иако претходно беше најавувано дека Бразилецот ќе го носи својот омилен број „7“ на грбот, сепак, истиот се уште е во сопственост на Арда Туран.
Хавиер Маскерано беше последниот играч на Барса кој го носеше бројот „14“, но Аргентинецот во овој преоден рок ќе 0се пресели во Кина.
Турскиот репрезентативец е на излезната врата од Барселона, но се додека Туран не си замине од „Камп ноу“, „7-ката“ нема да биде достапна за Кутињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА