Бразилскиот интернационалец Фелипе Кутињо речиси сигурно ќе остане на „Камп Ноу“ и во претстојната сезона, откако пропадна можноста да замине на позајмица во Арсенал. За него постоеше интерес и од Тотенхем, но преодниот рок во Англија заврши пред стартот на Премиер – лигата, а се помали се шансите да замине и во Пари Сен Жермен како дел од евентуалниот трансфер на Нејмар, назад во Барселона. Најновата можност е германскиот првак Баерн Минхен, но баварскиот клуб би го сакал на позајмица од една сезона, со опција за откупување на договорот.
Тренерот на каталонскиот тим, Ернесто Валверде, верува дека Кутињо во претстојната сезона може да биде многу подобар, иако сега конкуренцијата е и зголемена со доаѓањето на Антоан Гризман. Лани Кутињо не ги оправда очекувањата за скапиот трансфер од редовите на Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА