Фудбалерот на Барселона, Филипе Кутињо, вели дека е среќен во Шпанија и не планира да се врати во Англија, спротивно од пишувањата на медиумите на Островот. Бразилецот често е критикуван бидејќи не ги оправда очекувањата на „Камп Ноу“.
„Сезонава ми е втора во Барселона. Освоив неколку трофеи, но сакам уште. Амбициозен сум. Сакав да играм во Шпанија и сега сум тука. Играм за најдобриот клуб во Ла лига, што можам повеќе да барам? Во моментов сум фокусиран само на Барселона, не ми е во план да се вратам во Англија“, изјави Кутињо.
Сепак, Кутињо е веќе во Англија, бидејќи неговата Барселона вечерва му гостува на Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА