Кутињо не сака назад во Барса, а Баерн не сака да го откупи

На бразилскиот интернационалец Фелипе Кутињо му поминаа пријатните денови во фудбалската кариера. Фудбалерот кој е на позајмица во Баерн Минхен, повеќе од сигурно е дека не сака да се врати назад во Барселона, но и баварците немаат некоја посебна желба тој да остане на „Алијанц арена“.

„Фелипе Кутињо не сака да се врати во Барселона по завршувањето на сезоната. Бразилецот ја контактираше администрацијата на клубот и им порача дека не сака назад. Тие сепак го контактираа Баерн, а од германскиот клуб порачуваат како уште не одлучиле дали сакаат да го откупат договорот на Бразилецот. Неговата иднина ќе биде по знак прашање“, пренесуваат каталонските медиуми.

Кутињо во Барселона прејде од Ливерпул во 2018 година, а минатото лето беше испратен на позајмица во Баерн Минхен.

Се вчитува...