Бразилскиот интернационалец Фелипе Кутињо е на прагот да си замине од „Камп Ноу“, а најблиску е до преселба во редовите на францускиот првак Пари Сен Жермен. Како што информира „Мундо Депортиво“, преговорите се во напредна фаза и се очекува 27-годишниот играч за врска да се пресели во Париз до средината на јули.
За Кутињо се интересираат и Челси, Манчестер Јунајтед, па дури и Ливерпул, од каде замина на „Камп Ноу“, но ПСЖ е најконкретен во разговорите. Можно е дури тој да биде и дел од пакетот за враќање на Нејмар во редовите на Барселона.
Бразилецот минатата сезона постигна пет гола и имаше две асистенции на 34 натпревари во Ла Лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА