Ливерпул и Барселона летово може повторно да соработуваат, откако Филипе Кутињо ги прифатил условите да го облече каталонскиот дрес, а тимот од Мерсисајд ја прифатил вртоглавата понуда од 90 милиони евра. Скаутите на шпанскиот првак го следат Кутињо скоро цела сезона, неколку пати нагласија дека Бразилецот е нивната најголема желба и дека во него го гледаат наследникот на Андрес Иниеста, кого годините веќе го спречуваат да игра на највисоко ниво.
Според каталонскиот весник „Спорт“, Кутињо одлучил да го напушти Ливерпул после уште една сезона без трофеј, не е тајна дека стилот на Барселона најмногу го привлекува, а во составот се Нејмар и Луис Суарез, неговите добри пријатели кои веќе извесно време го повикуваат да им се приклучи.
Истиот извор вели дека Ливерпул прифатиле 90 милиони евра, иако претставниците од каталонскиот клуб притискале за пониска цена, но претеседателот Бартомеу за 24-годшниот плејмејкер ќе мора да издвои нешто повеќе од цената која ја платија за Суарез, кој исто така се пресели од Ливерпул.
Барселона сега може мирно да го следи трансфер периодот, бидејќи ја обезбедија примарната цел, да се најде нов лидер во средниот ред, а Ливерпул ќе може да атакува кон неколку трансфер мети, да го надополни недостигот на квалитет кој ќе го загуби со Кутињо, но ќе може со нови сили да се натпреварува во Премиер лигата и Лигата на шампиони, се разбира доколку обезбеди пласман во следните две кола во првенството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА