Кутињо резерва против Шалке, Перишиќ од првата минута

Филипе Кутињо е најголемото засилување на Баерн Минхен во летниот преоден рок, но Бразилецот одржа само неколку тренинзи со баварскиот гигант. Фактот дека имаше продолжен одмор поради настапот на Копа Америка влијае екс-фудбалерот на Барселона да не е максимално подготвен, па Нико Ковач на денешната прес-конференција објави дека Кутињо дефинитивно нема да биде стартер на претстојниот меч со Шалке.

„Тој и самиот признава дека не е максимално подготвен, од она што го видовме на тренинзите е јасно дека се уште не може да игра 90 минути. Нема да ризикуваме, Кутињо ќе биде во составот за дуелот со Шалке, но сигурно нема да почне во стартниот тим“ – истакна Ковач.

За разлика од Бразилецот, Иван Перишиќ е подготвен за место меѓу стартните единаесетмина на дуелот во Гелзенкирхен.

Перишиќ е далеку пред Кутињо кога говориме за физичката подготовка. Можеме без никакво размислување да почнеме да го користиме“ – откри стратегот на Баерн.

Ковач за овој натпревар нема да може да смета на повредените Боатенг и Горецка.

Се вчитува...