Кутињо само во Барса игра слабо, Колумбија се подалеку од Мундијалот во Катар (ВИДЕО)

Бразил славеше со 4-0 над Венецуела во натпреварот од 16. коло во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар годинава.

Филипе Кутињо постигна неверојатен гол со кој потсети на добрите денови кои ги имаше во Ливерпул, а стрелци за останатите голови на „кариоките“ беа Рафиња, Ентони и Родриго.

Колумбија е се подалеку од Мундијалот откако синоќа загуби на гостувањето кај Аргентина со минимални 1-0. Стрелец на победничкиот гол за „гаучосите“ беше Лаутаро Мартинез во 29. минута.

Во останатите натпревари од понудата: Уругвај – Венецуела 4-1, Перу – Еквадор 1-1 и Боливија – Чиле 2-3.

 

 

 

Се вчитува...