Кутињо следната сезона се враќа во Премиерлигата

Бразилскиот интернационалец Филипе Кутињо би можел следната сезона да се врати во Премиерлигата, откако за неговите услуги е заинтересиран Тотенхем. Менаџерот на клубот од Лондон, Маурисио Покетино добро го познава Кутињо бидејќи заедно соработуваа во Еспањол, каде Бразилецот беше на едногодишна позајмица од Интер. Кутињо под водство на Покетино во Еспањол забележа 16 настапи на кои постигна пет гола.

Барселона скапо го плати трансферот на Фелипе Кутињо, но Бразилецот не се прослави на „Камп ноу“ по што следеше позајмица во Баерн Минхен. Германскиот гигант има опција да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната, но и од Баерн не се задоволни од игрите кои ги покажува Кутињо.

 

Се вчитува...