Бразилскиот интернационалец Фелипе Кутињо сака да остане на „Алијанц арена“ и по завршувањето на едногодишната позајмица од Барселона. Тој не се снајде најдобро на „Камп Ноу“, но е важна алка во играта на баварскиот тим.
„Убаво ми е во Баерн, се чувствувам комфорно во Минхен. Планирам да останам и подолго од една сезона. Се разбира, доколку и раководството и стручниот штаб се задоволни од моите игри“, изјави Кутињо.
Баерн Минхен по 13 одиграни кола се наоѓа на четвртото место на табелата во Бундес-лигата со 24 бода, четири помалку од лидерот Борусија Менхенгладбах.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА