Кузманоски избра 18 кадети за Медитеранското првенство

Селекторот на кадетската репрезентација на Македонија, Горан Кузманоски, го објави спосокот од 18 ракометари кои ќе бидат дел од нашиот национален состав за претстојното Медитеранско првенство што кон средината на овој месец ќе се одржи во Словачка.

Пролет и Мулти Есенс имаат по шест претставници во оваа возрасна категорија на македонската репрезентација, а Кузманоски повика и еден интернационалец, Андреј Угреновиќ кој настапува во германскиот клуб Ерланген.

Настапот на Медитеранското првенство ќе биде добра подготовка за нашите млади ракометари за претстојниот европски шампионат во кој ќе учествуваат летово во Белград, каде за ривали ќе ги имаат Франција, Шведска и Словенија.

Се вчитува...