Горан Кузманоски, тренерот на Прилеп на крајот од сезонава си оди од клубот, па неговите играчи денес му подарија победа од 33-31 над Струга.
Прилепчани својата победа ја градеа уште од првото полувреме, 18-15. Иако дуелот беше цврст, домаќините покажаа поголем квалитет, но и поголема желба за победа.
Домаќините не дозволија изненадување, па предноста од првото полувреме ја искористија за нова победничка завршница во рамки на македонската ракометна лига. Кај домаќините се истакна Хари Павлов со 8 гола, кај гостите Жарко Барјактаревиќ со 9 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА